К-15 треба да се исплати до крајот на месецов – годинава изнесува 16.800 денари, односно 40% од просечната плата

t

Годинава регрес за годишен одмор ќе добијат сите, и работниците во приватниот сектор и оние во јавниот сектор. Над 84.000 вработени во администрацијата ќе добијат по 11.000 денари К-15.

За вработените во приватниот сектор К-15 годинава ќе изнесува околу 16.800 денари или 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци. Плаќањето мора да се изврши до крајот на годината, додека законски може да почне да се плаќа од месец мај.

Услов за исплата на К-15 е работникот да има работено најмалку шест месеци во текот на календарската година кај ист работодавач. За работодавачите кои нема да исплатат регрес на своите вработени, Законот предвидува глоба до 4.000 евра, од кои 2.000 до 3.000 евра за компанијата и 500 до 1.000 евра за одговорното лице во него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ предупредува – за неисплатен К-15 до…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска со…

К-15 треба да се исплати до крајот…

Годинава регрес за годишен одмор ќе добијат…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Падна договор: Платите во јавниот сектор ќе…

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за…

До крајот на месецот работодавците треба да…

До крајот на месецот работодавците имаат рок…