Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск за изгледите за мир во Украина

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараше со папата Франциск и високи претставници во Ватикан за изгледите за мир во Украина.

Орбан во текот на денот треба да се сретне и со италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

Унгарскиот премиер имаше одвоена средба со поглаварот на Римокатоличката црква, а потоа се сретна со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин и со потсекретарот за односи со државите на Ватикан, Мирослав Ваховски.

-За време на средбата посебно внимание беше посветено на војната во Украина, со фокус на хуманитарните последици и напорите за поддршка на мирот, се вели во соопштението на Ватикан.

На состаноците се разговарало и за унгарското претседавање со Европската унија оваа година, „централната улога на семејството и заштитата на помладите генерации“, се наведува во соопштението.

Орбан на социјалните мрежи објави фотографија од утринската миса во базиликата Свети Петар, со порака: „Мораме да ја искористиме шансата за мир!“Орбан, најблискиот сојузник на Кремљ во Европската унија, постојано повикува на мировни преговори и одбива да испрати воена помош за Украина од руската инвазија во 2022 година.

Папата Франциск редовно се моли за мир во глобалните конфликти, а за време на денешната аудиенција повторно зборуваше за Украина, како и за палестинските територии, Израел и Мјанмар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…

(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…

(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…

(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…

Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…