Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува Макрон да ѝ се обрати на јавноста
Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му поднесе оставка на францускиот претседател Емануел Макрон, откако синоќа пратениците во Парламентот и изгласаа недоверба на неговата Влада. Се очекува Макрон да и се обрати на јавноста вечерва.
Пратениците во францускиот парламент, 331 од вкупно 574, синоќа и изгласаа недоверба на Владата, откако Мишел Барние, кој два и пол месеци е на чело на Владата, одлучи да го искористи членот 49.3 од Францускиот Устав да го принуди усвојувањето на буџетот без гласање.
Емануел Макрон, по итно враќање од посетата на Саудиска Арабија, вечер ќе и се обрати на јавноста, соопштија од Елисејската палата.
Ројтерс, повикувајќи се на неколку неименувани извори, објави дека целта на Макрон е што поскоро да назначи нов премиер.
Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен по падот на владата изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само Макрон може да одлучи за тоа.
Пратеничките групи на левите и крајно десничарските партии во францускиот Парламент во понеделник поднесоа предлог за гласање доверба на Владата.
Националното собрание и изгласа доверба на Владата, што во таа институција не се случи од 1962 година, кога на нејзино чело беше Жорж Помпиду.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масакр во Франција: Момче го уби газдата,…
Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога…
Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува…
Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му…
Три опции за Макрон по падот на…
Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба…
Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите…
Француските пратеници ја соборија владата на премиерот…
Ќе падне уште една влада во Европа?
Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…