Судска одлука: Хрватска мора да врати противракетен систем на претприемач или да му плати 200 милиони долари
Суд во Загреб одлучи дека Хрватска мора да му го врати противракетниот систем С-300 на бизнисменот Звонко Зубак или да му исплати 200 милиони долари со камата од 1997 година, објави вечерва телевизијата Н1.
Според одлуката на Жупанискиот суд во Загреб, дојде до пресврт во долготрајниот судски спор помеѓу Хрватска и Зубак.
Оружјето е набавено во 1994 година на црниот пазар, во период кога Хрватска беше под ембарго на ОН за увоз на оружје.
Долги години не е познато каде се наоѓа системот, што го прави тешко спроведувањето на делот од пресудата за враќање на оружјето или неговите делови, кои биле прикажани на парадата во 1995 година.
Спорот траеше 22 години, при што е изменета претходната пресуда на Општинскиот граѓански суд во Загреб, кој ја отфрли тужбата на Зубак во целост.
Зубак тврди дека Хрватска не му го исплатила договорениот износ за набавка на оружјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…
По снимките во кои зборува за притисок…
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…
Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…