Објавено на:

Медиуми: Авионот со кој Асад наводно избегал од Дамаск исчезнал од радарот

t

Последниот авион што полетал од Дамаск пред да биде заробен од сириските бунтовници, во кој се претпоставува дека го превезувал сирискиот претседател Башар ал Асад, го изгубил сигналот набргу по полетувањето над градот Хомс, кој е под контрола на бунтовниците, пишува Ал Џезира.

Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на неименувани воени команданти, дека Асад утринава со авион побегнал од Дамаск до непозната дестинација.

Весникот „Вала“ објави дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмејмим, со намера оттаму да продолжи кон Москва.

Овој израелски функционер се осврна на наводните сознанија од американски официјални лица дека Асад го напуштил Дамаск со намера „да побегне во Русија“.

Сириските опозициски сили денеска соопштија дека го освоиле Дамаск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…

Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…

Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…

Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…