АХВ изврши вонредни инспекции во кујните на приватните градинки, биле изречени казни

t

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватните градинки на целата територија на Македонија. Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни.

Хигиенските барања  кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.

За отстранување на утврдените недоследности, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции- парични казни.

Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…

Левица бара оставка од директорот на АХВ…

После информации за квалитетот на млечните производи,…

Директорот на АХВ не сака да ги…

Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…

Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…

Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…

Неофицијално: На чии производи се нашле декларациите…

Голем дел од млечните производи кои се…