Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена ниту јадел, ниту пиел
Преку Единствениот бројот за итни случаи 112 во ЦУК, до Сектор за операции и координација е добиена пријава од лице Ванчо Димитров од с.Видовиште, ул.,,Панче Пешев” дека истиот е во многу лоша здравствена состојба. Тој потенцира дека три дена нема јадено и пиено, поради неподвижност и бара надлежните институции да се заинтересираат за неговиот случај и да превземат соодветни мерки. Преку ЦУК се бараше надлежна институција да излезе на терен и да го реши итниот случај. Од страна на Регионалниот ЦУК Штип, веднаш, се известени Итна медицинска помош Кочани и СВР Штип коишто изјавија дека немаат надлежност да интервенираат (неговите потреби не влегувале во нивната надлежност). Со ОО Црвен Крст Кочани не се воспостави контакт (истите не се јавувале на телефон). Контактирано е со директорот на Јавно комунално претпријатие ,,Водена кула” од Зрновци и од нивна страна е испратено лице во манастирот во с. Видовиште од каде што ќе биде однесено јадење и други потреби на пријавителот. На првиот работен ден (вторник) ќе биде контактирано со маѓуопштинскиот центар за социјални работи Кочани да преземат мерки согласно нивната надлежност.
Во 14:00 часот е воспоставен контакт со Црвениот Крст Скопје и со претседателот на ОО Црвен Крст Кочани и претседателот извести дека во текот на денот преку нивните волонтери ќе биде доставена храна и вода до болното лице во с.Видовиште. Истото во првиот работен ден ќе биде посетено од одговорни лица од Центар за социјални работи Кочани за превземање на мерки во нивната надлежност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…
Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…
Четири пожари на отворено во последното деноноќие
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…
ЦУК: Три активни пожари, четири се под…
Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024…
Активи се шест пожари во Прилеп, Чашка,…
Во текот на вчерашниот ден, четврток, 05.09.2024…