Објавено на:

Кремљ: Одлуката да му даде азил на Асад ја донесе Путин – ситуацијата во Сирија е нестабилна

t

Одлуката за давање политички азил на поранешниот сириски лидер Башар Асад и неговото семејство ја донел рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука“, рече Песков, додавајќи дека Путин не планира да се сретне со Асад.


По стабилизирањето на ситуацијата во Сирија, Русија планира сериозно да разговара со новите власти на таа земја за натамошното присуство на руската армија на таа територија, рече тој.
„Она што се случи (во Сирија) веројатно го изненади целиот свет“. Во овој случај ние не сме исклучок“, рече Песков.
На прашањето дали Русија ќе го задржи своето воено присуство во Сирија и дали за тоа се разговара со актуелните власти на таа земја, портпаролот на Кремљ посочи дека е рано да се зборува за тоа.


„Гледаме дека сега во таа земја има период на трансформација, на голема нестабилност. Затоа, секако, ќе треба време и сериозен разговор со оние кои ќе бидат на власт“, ​​рече Песков.
Според него, руските војници во Сирија ги преземаат сите неопходни мерки на претпазливост за да ја осигураат безбедноста на воените бази во таа земја и тоа е многу важно прашање.
Песков најави и дека Москва одржува дијалог со Анкара, меѓу другото и за ситуацијата во Сирија.
„Ние сме во дијалог со другите регионални држави, вклучително и за прашањето за Сирија. Сега има многу тежок период во Сирија, поврзан со нестабилност и затоа е многу важно да се одржи дијалог со сите регионални земји. Решени сме да продолжиме со тоа, ќе се консултираме и ќе ја анализираме ситуацијата“, објасни портпаролот на рускиот претседател.


Претходно претставници на вооружената опозиција во Сирија зборуваа на државната телевизија тврдејќи дека воспоставиле контрола над земјата. Сирискиот премиер Мухамед Гази ал Џалали рече дека останува во земјата, заедно со неколку министри и дека не знае каде е министерот за одбрана. Тој рече и дека воспоставил контакт со раководството на вооружената опозиција.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека сирискиот претседател Башар Асад по преговори со голем број учесници во сирискиот конфликт одлучил да поднесе оставка од функцијата и ја напуштил Сирија, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта. Русија не учествуваше во преговорите.


Како што претходно изјави за Спутник извор од Кремљ, Асад со семејството пристигнал во Москва. Русија им даде азил од хуманитарни причини. Руските власти се во контакт со претставници на вооружената сириска опозиција, чии лидери ја гарантираат безбедноста на воените бази и дипломатските институции на Русија на територијата на Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…

Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…

Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…

Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…