(Видео) МВР со детали: Уапсен скопјанец кој во близина на Транспортен центар вршел разбојништа и тешки кражби

t

Во вчерашниот ден, околу 06:15 часот, полициски службеници од Единицата за интервенција при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот Д.П. од село Кучевиште, кој се сомничи за извршување на серија кривични дела.

Според полицијата, тој во текот на 2024 година во близина на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе разбојништа и тешки кражби на дрзок начин, а за неговите дела се распишувале и информации на социјалните мрежи.

Д.П. бил задржан во Полициската станица Аеродром, а по консултација со јавен обвинител, му била поднесена кривична пријава. Судija на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за издржување на мерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…

Маск го поддржа Трамп во критиките кон…

Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Полските власти добиле информации за можен напад…