Цената на квадрат скокна до 3.000 евра
Во октомври годинава општините издале 216 одобренија за изградба на згради, односно се издадени 363 дозволи за градба што е раст од 11 проценти во однос на октомври минатата година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција. Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвеститори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2. Од почетокот на годинава заклучно со октомври општините издале на 3 илјади дозволи за градби на објекти.
Статистиката покажува дека, иако на пазарот на недвижности има голем број непродадени станови, сепак, растат одобренијата за градба, а тоа значи нови станбени квадрати што почнале или допрва ќе се градат. А паралелно со градењето станови, расте и нивната цена, што е надвор од економското правило – цената да се одредува според понудата и побарувачката.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2020-2023 година, издадени се одобренија за изградба на вкупно 33.023 станови: 6.210 во 2020 година, 11.946 во 2021 година, 7.002 во 2022 и 7.865 во 2023 година. Вкупно 16.341 стан за кој се издадени одобренија за градење се наоѓа во Скопје.
Последните расположливи податоци од ДЗС за бројот на завршени станови се за периодот од 2020 до 2022 година. Во тој период, вкупно се завршени 16.337 станови: 4.077 во 2020, 5.959 во 2021 и 6.301 во 2022 година. Од вкупниот број завршени станови, 6.773 се наоѓаат во Скопје, а 7.555 во поширокиот скопски регион.
Покрај тоа што во земјава годишно во просек се градат околу 5.000 станови и секој трет стан во земјава е празен, барем според податоците на Државниот завод за статистика, растот на цените никако да сопре, пишува Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на квадрат скокна до 3.000 евра
Во октомври годинава општините издале 216 одобренија…
Драcтично скокна цената на шеќеpот, толку не…
Пожарите и сушата кои ги зафатија полињата…
Цената на златото pyши pекорди: Од почетокот…
Цената на златото на њујоршката берза „Комекс“…
Падна цената на пченицата, најниска е во…
Цените на пченицата паднаа на најниско ниво…
Аналитичари: Златото ќе достигне 3.000 долари до…
Цените на златото достигнаа нови највисоки нивоа,…