Новогодишните пакетчиња ќе бидат под лупа на АХВ
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, апелираме до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата. Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама. Како одговорна институција апелираме и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од АХВ.
Од АХВ апелираат граѓаните да ја пријаватат секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Директорот на АХВ не сака да ги…
Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…
Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…
Неофицијално: На чии производи се нашле декларациите…
Голем дел од млечните производи кои се…