Зеленски го отфрли унгарскиот предлог за божиќно примирје

t

Унгарија ѝ предложила на Украина да воспостави прекин на огнот за време на Божиќ и да ги разменат воените заробеници со Русија, но украинскиот претседател Владимир Зеленски ја отфрлил оваа мировна иницијатива, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„На крајот на унгарското претседателство со Европската унија, повторно направивме напори за постигнување мир. Предложивме прекин на огнот за време на Божиќ и голема размена на затвореници. Жално е што претседателот Зеленски недвосмислено го отфрли овој предлог и го исклучи од разгледување. Направивме се што можевме!“, напиша Орбан на својот профил на социјалната мрежа „X“.

Украинскиот лидер претходно го коментираше телефонскиот разговор меѓу унгарскиот премиер и рускиот претседател Владимир Путин, кои разговараа за можноста за воспоставување долгорочен и одржлив мир во Европа.

„Се надеваме дека Виктор Орбан барем нема да го покани (поранешниот сириски претседател Башар) Асад во Москва… Не треба да се игра на картата на сопствениот имиџ заради единство – треба да се грижите за заедничкиот успех… Разговори за Украина не може да се водат без Украина“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Прес-службата на Кремљ претходно објави дека телефонски разговор меѓу Путин и Орбан бил одржан на иницијатива на унгарската страна. Двајцата лидери разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на неодамнешните настани во Сирија, украинското прашање, како и трговската и економската соработка, особено за промоција на заемно корисни енергетски проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…