Го оштетиле буџетот за над 5 милиони: Кривична пријава против три физички и две правни лица

t

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица за кривични дела: даночна измама, даночно затајување, соизвршителство и помагање. Тие го оштетиле буџетот на РСМ за 5.768.612 денари.

Првопријавениот З.А., управител на компанијата „ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ“, во април и мај 2023 година, изготвил лажни фактури во вредност од 31.599.220 денари, со вклучен ДДВ од 4.820.220 денари, за наводни набавки од друга компанија. Овие фактури биле евидентирани во ДДВ пријавите, со што била намалена даночната обврска на „ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ“ и оштетен државниот буџет.

Дополнително, во мај и јуни 2023 година, истиот осомничен префрлил 9.483.925 денари на банкарска сметка на друга компанија, „ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, и тие средства биле присвоени, без да се достават докази за економската оправданост. Ова резултирало со неплатен данок на личен доход од 948.392 денари.

Пријавените лица се обвинети за оштетување на буџетот на РСМ за вкупно 5.768.612 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…

Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…

Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…

Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…