АСАД ЌЕ СТАНЕ ЖИТЕЛ НА МАРИУПОЛ? Русија очекува сирискиот екс-лидер да донира за разрушениот град
Поранешниот сириски лидер во егзил Башар Асад треба да придонесе за обнова на руските градови оштетени за време на конфликтот со Украина, изјави рускиот политичар Дмитриј Кузњецов. Тој додаде дека Асад потенцијално би можел да добие руско државјанство.
Според Кремљ, Асад и неговото семејство добиле азил во Русија. Од падот на сириската престолнина во неделата, тој не се појавил во јавноста ниту дал никакви изјави. Не е јасно што планира следно.
– Верувам дека Башар Асад и неговото семејство би можеле да станат добродетели на една од областите на Донбас разорени во војната и да се вселат во една од новоизградените куќи во Мариупол – рече Кузњецов, пренесува Раша тудеј.
Црноморскиот пристанишен град Мариупол, кој моментално е дел од руската Народна Република Доњецк, беше заземен од руските трупи во 2022 година, по тримесечна опсада. Руските власти се ангажирани во обновата на градот.
– Јас сум за Асад да се докаже во служба на рускиот народ, а после тоа, поради неговиот придонес во закрепнувањето на Донбас, би можеле да го разгледаме прашањето за државјанство – рече политичарот.
Друг пратеник, Алексеј Журављов, претходно тврдеше дека Асад заслужува државјанство бидејќи „направил доволно за Русија“.
Според руските власти, Асад ја донел одлуката да се повлече по преговорите со неодредени опозициски групи.
Михаил Улјанов, висок руски дипломат, ја опиша одлуката да му се даде азил на Асад како доказ дека Москва „не ги издава своите пријатели во тешки ситуации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…