Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

t

Во местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, денеска се урна воен хеликоптер на силите на ЕУФОР.

Од ЕУФОР официјално потврдија дека една од нивните летала доживеала несреќа за време на редовна операција во областа на Брчко.

Според првичните информации објавени од локалните медиуми, хеликоптерот е целосно уништен. Во медиумските извештаи се наведуваат и информации за тројца загинати, но овој податок засега нема официјална потврда од ЕУФОР.

Од европските сили соопштија дека во несреќата нема повредени цивили, како и дека не се оштетени цивилна инфраструктура, имот или возила.

На местото на падот веднаш пристигнале полициски екипи од Брчко, пожарникари и екипи на итната медицинска помош. Подрачјето е обезбедено, а надлежните започнале истрага за утврдување на причините за несреќата.

Од ЕУФОР најавија дека дополнителни информации ќе објават откако ќе бидат утврдени фактите. Воедно, ги повикаа граѓаните да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните соопштенија.

Причините за падот и околностите под кои се случила несреќата засега не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…

Во местото Горице, во близина на Брчко…

„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…

Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…

Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…

АЛАРМ НА КРИПТОПАЗАРОТ: Пријавени одливи од 5,7…

На криптопазарот се појавија алармантни информации за…

Иранската револуционерна гарда тврди дека отворила оган…

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека…