(Видео) Очигледно му помага на Вучиќ: Курти ги подржа српските студенти во протестите

t

Албин Курти даде целосна поддршка на „студентските“ протести во Белград. Курти ова го кажа на чист српски сред Загреб, каде им се обрати на медиумите по средбата со Андреј Пленковиќ.

Премиерот на привремените институции на Приштина Албин Курти денеска ги поддржа студентските протести и блокадата на факултетите во Србија.

„Србија е недемократска земја во која не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата“, рече Курти во обраќањето до медиумите по средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ.

Тој изјави и дека во Србија нема владеење на правото и дека Србија е само формална република.

Режимот на Вучиќ не научи ништо од минатото, знаеме како завршија студентските протести во времето на Милошевиќ, рече Куртиј.

Курти пред медиумите во Загреб се обрати на српски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природен прираст во третото тримесечје –…

Во третото тримесечје од 2026 година во…

Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…

На 26 ноември 2026 година во 10:15…

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…