Рокас: Секаде треба да се испитува корупцијата не се само Груби и Беџети

t

По Соединетите американски држави и Европската унија со апел до судската власт и обвинителство, за беспоштедна борба против криминалот и корупцијата и независност во работењето. Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас со порака до судството, да ги преземе сите можни активности поврзани со последната црна листа, но и со сите други случаи каде што е присутна корупцијата.

Професионално судство останува клучен приоритет за интегративниот процес на земјава во ЕУ, посочи Рокас

„Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата со ставањето на црна лсита на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети. Но најважно е судството да ги преземе потребни мерки поврзани со овој случај. ЕУ има преземено значајни активности и напори за обезбедување механизми за зајакнување на судството.Тука можам да ја споменам оценската мисија на ЕУ, која што издаде 40 препораки за судството во Северна Македонија, така што мислам дека најважно е судството да стане независно тело. Со постоење на независно судство, ќе се зголеми довербата во општеството и се надеваме дека ова ќе се случи многу поскоро“, додаде Рокас.

Обвинителство пак дополни Рокас, треба да ги направи сите можни чекори, во случаи каде постојат сомнежи за корупција.

Премиерот Мицковски пак најави дека МВР заедно со како што посочи срамежливото обвинителство влегуваат во акција по секој прибран доказ и основано сомневање за корупција. По акцијата Адитив, најави десетици такви случаи во следниот период.

„Нема да се случува како што беше во минатото на полноќ или наутро да влегуваат специјални единици вооружени до заби во домовите на лицата коишто се осомничени и сето тоа камера да го снима и слично и да правиме естрада. – Нема да биде тоа, ќе биде вака преку соопштенија, а потоа преку еден фер и транспарентен судски процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност во целиот случај. Во периодот што следи мислам дека од информациите со коишто располагам ќе има десетици вакви случаи, рече Мицкоски.

Црна листа за високи функционери, апсења и притвори за директори и раководители, ја одбележаа неделава по што следуваа пораките од странците и заложбите од извршната власт за силна борба против корупцијата и криминалот. 8 лица завршија во притвор од акцијата Адитив, а поранешниот вицепремиер Груби кој заврши на неславниот американски список, најави повлекување од јавниот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…