ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Инвестицијата во Кичево е проект на поранешната влада, време е да имате барем еден ваш проект

t

ДУИ го поздравува започнувањето на работите на белгиската компанија во Кичево, која положи камен-темелник во април 2024 година, додека договорот за инвестицијата беше потпишан во мај 2023 година од страна на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, велат од ДУИ.

„Оваа инвестиција е продолжение на напорите на претходната влада за привлекување инвеститори и промовирање на економски развој во регионот и отворање нови работни места. Но, жално е што актуелната Влада, без легитимитет, ја манипулира и фалсификува вистината за странските инвестиции. Владата на премиерот Мицкоски ги презентира како свои успехи инвестициите што беа подготвени, потпишани и договорени од претходната влада на ДУИ“, порачаа од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Инвестицијата во Кичево е…

ДУИ го поздравува започнувањето на работите на…

Ахмети: Охридскиот договор е неприкосновен и секој…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа на…

СДСМ: „Сваровски судството“ се враќа – ВМРО-ДПМНЕ…

Изборот на Данка Ристова, сопруга на градоначалник…

Левица: Фамозното „тефтерче” со партиски судии повторно…

По СДСМ, и Левица реагираше на изборот…

ДУИ бара итна оставка од претседателот на…

ДУИ најостро ги осудува последните случувања во…