ДУИ бара да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години

t

ДУИ ја повикува Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи, велат од партијата.

„Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација.

Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок. Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество. Историјата покажа дека секој обид за користење на антикорупцијата како алатка за политички реваншизам и прикривање на скандалите ќе се врати како бумеранг и ќе ги погоди токму оние кои ја поттикнуваат. Владата не може да тврди дека гради правичност користејќи неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството. Користењето на емоциите на граѓаните за прикривање на стратешките неуспеси на Владата во двете клучни столбови – европските интеграции и меѓуетничките односи, е опасна стратегија, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…

ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…

ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…

ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…

Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…

Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…