Фрчкоски: Муцунски да не води „вмровски“ туку вистински истраги

t

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на Амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски, и импровизираше дека во неа Тој видел финансиски злоупотреби со шестоцифрени бројки…; но за нив не можел ништо да зборува…; туку ќе го предадел наводниот Извештај на правосудните органи кои понатаму, ако одлучат, ќе постапувале, се вели во одговорот на Љубомир Фрчкоски на како што вели инсинуациите искажани на прес конференцијата на Министерот за надворешни работи.

„Ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста. Го повикувам Министерот јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финансиски средства што јас сум ја направил надвор од овластувањата, кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој Амбасадор – и со тоа сум го оштетил буџетот или приватно сум злоупотребил средства од сметка на Амбасадата.

Го повикувам исто така Министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти (за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни злоупотреби), праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија (за што има докази и сведоци) – чија “истрага и акти – Извештај“ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води „вмровски истраги“ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите“, вели Фрчкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…

После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…

Овие кадровски промени кои што вчера се…

ВМРО ќе има нови двајца потпретседатели –…

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната…