СДСМ: Новогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе ги зголемија цените
Новогодишната кошничка е класична манипулација на власта која ги потценува граѓаните и го прикрива вистинскиот проблем за кој нема решение а тоа е покачувањето на цените на производите, велат од опозициската партија СДСМ.
„Владата на Мицкоски намерно остави простор и време па трговците веќе ги зголемија цените пред примена на мерката.
Сега нема вистински да се намалат цените туку трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто беа и тоа реално не значи намалување и не носи никаков бенефит за граѓаните.
Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот.
Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…