Герасимовски: Доставена иницијатива до ЗЕЛС за итни законски измени за вандализмот

t

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот.

Во истата иницијатива побаравме од ЗЕЛС да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.

„Бараме под итно сите надлежни да седнат на иста маса. Мораме заедно да ги разгледаме сите можности за законски и други начини како да се справиме со вандализимот на малолетните лица кои се почесто предизвикуваат инциденти со кои се нарушува безбедноста. Во исто време може да дојде и до поголема трагедија во која овие малолетни лица и можат и самите да се повредат и да настрадаат. Превенцијата е најважна во вакви ситуации, и затоа е потребно сите овие институции да бидат присутни на терен, да се зголеми безбедноста и редовните патроли на полицијата на критичните точки во општината и во градот каде имаме сериозни инциденти”, порача Герасимовски.

Вчера во населбата Капиштец повторно се случи инцидент во кој учество зедоа малолетни лица, со неконтролирано однесување, кршење шишиња, фрлање петарди, физички пресметки. Ова не е прв ваков настан во населбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Доставена иницијатива до ЗЕЛС за итни…

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со…

Еднократна помош од 2500 денари ќе добијат…

Заврши јавниот повик за доделување еднократна парична…

Се лепат опомени за хаварисани возила во…

Општина Центар, во соработка со ПОЦ и…

Хаварисаните возила заминуваат од Центар, „пајакот“ ги…

Општина Центар во заедничка акција со ПОЦ…

Полицијата приведе малолетник од Скопје: Шетал низ…

Полицијата во Скопје синоќа привела малолетник, кој…