Рушење на јавен ред и мир во скопски Капиштец – МВР најавуваат казни против пиротехника

t

Кршеа шишиња, палеа петарди и предизвикуваа тепачки. Група малолетни лица синоќа го нарушија јавниот ред и мир во скопски Капиштец, а населбата повторно беше мета на вандализам. Претходно возеа багери и искршија реквизи, а еве што правеа синоќа.

Градоначалникот на Центар побара брза реакција од МВР и најави иницијатива до ЗЕЛС за итни законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на ваквите настани.

Пред неполн месец беа објавени снимки од малолетни лица кои обија багер и оштетија едно паркирано приватно возило.Претходно беше обиен и ограбен комуналниот пункт во истиот реон, а беше споделена и снимка од група тинејџери на кои се гледа како ги кршат реквизитите на детско игралиште во оваа скопска населба.

Од МВР потврдија дека ова не е прв случај, а најавија и казни.

Полицијата ги засилува и активностите пред новогодишните празници.. Презема мерки но и акции против пиротехниката.

Само минатата недела во главниот град биле откриени околу 40 илјади пиротехнички средства, а по брза постапка лицата кои биле фатени веднаш биле спроведени пред судија на претходна постапка и им биле изречени мерки како одземање на патна исправа и јавување во судот еднаш месечно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…

Маск го поддржа Трамп во критиките кон…

Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Полските власти добиле информации за можен напад…