Сведокот во случајот за убиството на Вања и Панче – Гоце Трајковски е во бегство, судот ќе направи се за да го обезбеди
На денешното судење за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во однос на сведокот Гоце Трајковски предложен од ОЈО, истиот ОЈО не може да го обезбеди и МВР не известуваат дека истиот не престојува на улицата наведена во неговата патна исправа.
Судот сега си зема да обрска да го обезбеди сведокот.
Доколку сведокот остане недостапен и по официјалното барање од судот, ќе се предложи неговиот исказ даден во Обвинителството да се приложи како доказ, на барање на одбраната на Александар Ѓорчевски.
„Сведокот Гоце е осомничен за друго кривично дело, и тој е недостапен за обвинителството“ изјавија од Јавното обвинителство денеска на брифинг на прашање на ТВ21 за убиството на Вања и на Панче.
Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.
„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на објект во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршители се во притвор. Тоа се случило на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, рече Гаврил Бубевски.
Станува збор за опожарениот угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода кој на 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.
ТВ21 дознава дека Гоце Трајковски е во бегство. Исто така дознаваме дека тој при предизвикување на пожарот се самозапалил, но минал само со ситни изгореници
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…
Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…
Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…
Притворениците во Хаг можат да играат тенис,…
Поранешните припадници на ОВК (УЧК) кои се…
Белата куќа не бара промена на режимот…
Белата куќа појаснува дека не бара промена…
Шефот на СБУ: Се подготвуваше обид за…
„Во Полска се подготвуваше обид за атентат…