Во тек е полициска акција – се претресува на повеќе локации
Во тек е полициска акција и се вршат претреси на повеќе локации, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“.
-Во тек е полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Извршени се претреси на повеќе локации, во моментов се продолжува со дел од претресите. Повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на истата, велат од МВР.
Претресите се поврзуваат со полициската акција што беше спроведена викендов, главно во Арачиново кога се апсеа соработници на водачот на криминалната група „Беланоца“ кој се наоѓа во затвор.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица осомничени за убиства, злосторничко здружување, изнуда.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во понеделникот соопшти дека оваа полициска акција не е завршена и дека ќе се спроведува и во следните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…