(Видео) Русите објавија снимка: го уништивме американскиот тенк „Абрамс“
Единицата за беспилотни летала со седиште во Феодосија уништи тенк Абрамс од американско производство во населбата Новоивановка во областа Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Во областа Суџа во регионот Курск, единиците на беспилотни летала извршија напад во кој беше уништен американски тенк Абрамс користејќи беспилотни летала кои се имуни на непријателските системи за електронско војување“, се вели во извештајот.
Во извештајот се посочува дека во секојдневните мисии полетуваат беспилотни летала опремени со муниција. Русите додадоа дека при една таква операција, на патот бил забележан тенк Абрамс.
САД се согласија да испратат 31 Абрамс во Украина во јануари 2023 година по повеќемесечната кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се клучни за можноста да се пробијат руските линии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…
По снимките во кои зборува за притисок…
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…
Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…