Адвокатот на Перпарим: Тој не е избеган туку веќе неколку месеци живее надвор од државата

t

Адвокатот Антонио Апостолски го презема застапувањето на Перпарим Бајрами, поранешниот директор на „Државна лотарија“, кој заедно со екс-вицепремиерот Артан Груби и неколку други лица е осомничен за проневера на околу 8 милиони евра во Лотарија.

Информацијата за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на „Државна лотарија“ подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово – рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…