Голема штета за државата на минусните температури: РЕК Битола не работи, сите три блока надвор од мрежа
СДСМ утрово обвини дека во моментов РЕК Битола не работи и не произведува струја, односно дека ниту еден од блоковите 1,2,3 не се приклучени на мрежа. Како што додаваат, првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи.
-ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа. Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја. Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ, потенцираат од најголемата опозициска партија.
Ова не е прв пат РЕК Битола целосно да биде надвор од мрежа. Претходно поради проблеми со далновод на Мепсо често се случуваше централата да не работи.
Пред десетина дена, повеќе лица беа приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ и РЕК „Битола“. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…