Се враќаат ли финансиските пирамиди? Илјадници Бугари заглавија во шемата за станици за полнење мобилни уреди

t

Пукна скандалот со финансиската пирамида на БЕТЛ и се покажа дека 30.000 наивни Бугари потонале во неа, а сумата надминува 80 милиони долари. Бугарското МВР го истражува случајот на оние кои веруваа дека можат да профитираат од инвестирањето во станици за полнење за мобилни уреди лоцирани во Кина! Скандалот расте со секој изминат ден и нè врати во сеќавањата на некои заборавени времиња кога во почетокот на транзициските финансиски пирамиди украдоа милијарди заштеди во левови на стотици илјади жртви. Од полицијата информираат дека истрагата е во тек, но вложените пари повеќе не може да се следат, бидејќи се во криптовалути и криптотрансакции кои се во биткоин паричници и веројатно никогаш нема да се знае кај кого отишле, предупредува „24Часа.бг“.

Официјалната регистрација на компанијата е на 29 декември 2023 година во Лондон, на името на Музафар Ахмед Риаз, но зад компанијата се кријат руски „бизнисмени“. И покрај некои нови моменти и добриот публицитет што користи познати имиња од спортот и шоу-бизнисот, финансиските експерти се категорични дека е класична „понзи шема“, добро позната уште од почетокот во 90-тите. Но, во последно време се чини дека наместо да бидат повнимателни, Бугарите сè почесто се жртви на паметно дизајнирани финансиски измами. Навистина придонес кон овој тренд веројатно самите креатори на такви замки имаат, а како што се покажа во случајот со Ружа Игнатова, на ова поле имаме и мајстори од „светска класа“. Според сите проценки, несериозноста на Бугарите повторно добива предност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Одложено судењето за обидот за атентат врз…

Американски судија го одложи судењето на осомничениот…

Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…

Поради близината на фронтот во Украина, но…

Израел призна дека го убил лидерот на…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…

Забрана за тешки товарни возила на неколку…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по…