Скопските населбите од левата страна на Вардар ќе имаат вода – Големиот прекин ќе започне вечерва од 22 часот
Делови од Скопје од вечер, од 22 часот, ќе останат без вода за пиење во домовите. Надлежните најавија дека ќе ја затворат цевката со цел за време на викендот да се санира приблемот кој настана на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош каде со денови се излева питка вода по коловозот. Нивните убедувања се дека проблемот брзо ќе биде саниран.
Kлучните хируршки сали ќе бидат затворени, а лекарите ќе примаат само животно загрозени пациенти. Болниците ќе имаат вода само за пиење, а не и за стерилизација, па ќе се користат залихи од претходно обезбедени количини.
Цистерни со вода ќе бидат испратени до болниците, но нема информации за точниот број на возила. За време на прекинот, граѓаните од неколку општини, вклучувајќи ги Ѓорче Петров, Карпош, Влае, и Центар, ќе треба сами да си обезбедат резерви со вода.
Вчера пак во маркетите во Скопје забрзано се празнеа рафтовите со вода. Според информациите водоснабдување ќе имаат само скопските населбите кои се наоѓаат на левата страна на реката Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…
Унгарската Национална служба за обновување и заштита…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…