Дали некој мести милионски тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола?

t

Дали некој мести милионски тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола?

Електрани на Македонија објави оглас за јавна набавка за ископ на јаглен за РЕК Битола, огласот е објавен на 13.12.2024 година, а сите заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 02.01.2025 година.

Тендер за ископ на јаглен не е ништо ново, меѓутоа, условите кои ги бараат од Електрани на Македонија, изгледаат како навидум да „цртаат“ одредена компанија, односно како да фаворизираат негово, за сметка на компании кои работат одлично, меѓутоа согласно условите не се подобни за конкурирање.

Покрај останатите услови кои се нормални, а кои предвидуваат да не е отворена стечајна постапка за правното лице, потврда дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН и така натаму, Електрани на Македонија бара од компанијата која ќе конкурира да има приход од 350 МИЛИОНИ денари во секоја од годините 2021, 2022 и 2023 година.

Конкретно овој услов е проблем, затоа што од целокупната конкуренција на компании со таква дејност кои би можеле да конкурираат, се ограничува на само неколку компании со милионски приходи, од кои некоја веројатно е фаворит на актуелното раководство на ЕСМ и РЕК Битола.

Втор проблематичен услов е барањето од ЕСМ каде наведуваат дека компанијата, за д аконкурира, мора да има најмалку една услуга за ископ од минимум 500.000 тони јаглен и три милиони метри кубни руда во последните три години. Чисто информативно, количината која ја бараат во овие услови од 500.000 тони јаглен е околу 10% од вкупните потреби од јаглен за РЕК Битола, што дополнително ја ограничува конкуренцијата затоа што на тендерот ќе можат да се пријават само компании кои претходно работеле во РЕК Битола.

Во тендерската документација се предвидуваат и други услови, за број на вработени на одредени позиции, специјални барања за механизација.

– со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не

: Ред.бр. Опис Минимум барани 1. Рударски инженер 1 2. Оперативен техничар (рударски, или градежен) 1 3. Лица ракувачи со багерски единици 54 4. Лица возачи на теренски возила камиони 170 5. Лица ракувачи на дампер 4 6. Лица ракувачи на утоварни 8 7. Лица ракувачи на булдожери 10 8. Лица ракувачи на грејдер 4 9. Лица возачи за цистерни за вода со пумпа 4 10. Лица ракувачи со дробилка 4 11. Лица ракувачи со пумпи 2 12. Лица ракувачи со дигалка 2 13. Лица ракувачи со муљна пумпа 2

– со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот: Ред. Бр. Барана опрема Минимум барана опрема 1 Багерски единици со длабинска корпа со снага на мотор минимум 200 KW и корпа со големина минимум 3.0 (m3) 12 2 Багерски единици со длабинска корпа со снага на мотор минимум 120 KW и корпа со големина минимум 1.2 (m3) 15 3 Камиони Теренски возила за транспорт на материјалот со носивост минимум 19 (t) 85 4 Утоварна лопата на гуми со зафатнина на корпата минимум од 3 (m3) 4 5 Булдожери (опрема за пробивање, правење на патишта на етажите од одкопните чела, руднички транспортни патишта за јаловина и јаглен и одржување на нивелетите на одлагалиштата за јаловина) со снага на мотор од мин. 350 KW 2 6 Булдожери (опрема за пробивање, правење на патишта на етажите од одкопните чела, руднички транспортни патишта за јаловина и јаглен и одржување на нивелетите на одлагалиштата за јаловина) со снага на мотор од мин. 220 KW 3 7 Порамнувачи на патишта (грејдер) со снага на мотор минимум 100 KW 2 8 Цистерни за вода со мин. Волумен 22 (m3) и пумпа за распрскување 2 9 Дампери со снага на мотор над 200 KW 2 10 Статична ротациона дробилица за јаглен со електро погон со капацитет min 600 t/1час 2 11 Камион со телескопски кран со висина и должина на подигање од 25м 1 12 Пумпа за одводнување со која ќе се гарантира испумпување на min 190(l/s) вода со геодетска висина на пумпање од min 90 (m) и мин. Капацитет на мотор над 300 kw 1 13 Цевки за потисен цевковод со пречник min Ф 200 од 16 [bar], комплет со адатер фланши со вкупна должина од најмалку 900(m) min. 900(m) 14 Потопни муљна пумпа со снага на мотор од 9 KW 1 15 Цевковод Ф 100 mm со должина од min 500 m min 500m.

Со овој оглас би требало да се позанимаваат и Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Јавното обвинителство, имајќи предвид дека се работи за милионски тендер, а особено сомнително ќе биде доколку тендерот го добие компанија блиска до одредени високи владини функционери, што ќе стане јасно по втори јануари, кога завршува рокот за аплицирање на тендерот.

Накратко, многу веројатно во РЕК Битола ќе гледаме реприза на „како до сега“ наместо нова епизода од совесно и прописно работење.

Сите заинтересирани правни лица можат на веб-страницата на ЕСЈН да ги проверат сите услови за учество на тендерот. Број на оглас 21534/2024

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолчанец со возилото удрил во бетонски столб,…

МВР информира дека вчера попладне во 15.44…

Битолски ресторан служел расипана храна, газдата не…

При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски…

Битолчанец на 80-годишна возраст се самозадоволувал пред…

Осумдесетгодишен маж бил пријавен во полиција дека…

Силен ветер искорна покриви и дрвја во…

Силен ветер попладнево предизвика проблеми во Битола…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…