Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци

t

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…

(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…

Приведени македонски државјани во Хрватска кои лепеле…

Тројца државјани на Македонија се осомничени за…