Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“, ќе започне нов свет

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е „на дофат“ и дека „ќе започне нов свет“ со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.


„Русите беа подготвени да се согласат на Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се уште не, но православниот Божиќ се уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна, Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал Инфостарт.


Унгарскиот премиер рече дека не е неопходно тој да посредува во разговорите меѓу САД и Европа.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина, додека другите членки отворено се залагаат за продолжување на војната или не даваат јавна изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…