СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците ја подготвија измамата со кошничките

t

СДСМ се огласи по повод изјавата на Христијан Мицкоски, дека дел од трговците се служат со трикови за т.н. новогодишна кошничка и дека ги зголемуваат цените на производите.

„Целосниот дебакл на мерката наречена „новогодишна кошничка“ е резултат на измамата која ја подготви Мицкоски заедно со трговците. СДСМ на ова јасно предупредуваше и ја разоткри шемата уште кога тој со трговците на маса ја подготвуваше. Токму со амин на Мицкоски, трговците ги качија цените и треба конечно да престане да ги лаже граѓаните. Касно е за префрлање на вината.

Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија. СДСМ со месеци укажува на тоа дека Мицкоски и Владата заедно со трговците кројат план и сега тој план конечно се потврди. За ова Мицкоски мора политички да одговара.

Какви робусни акции какви глупости најавува Мицкоски кога досега не спроведе ништо? После свадба тапани. Пред само три дена министрите од неговата Влада беа во маркетите и лажеа дека цените се намалени. Сега ќе побара ли Мицкоски одговорност од нив?

Мицкоски им слугуваше на неговите бизнис партнери и ги остави граѓаните сами. Затоа цените отидоа до плафон. Мицкоски не го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна и реалните мерки кои ќе ги намалеа цените. Единствена причина што не ги прифати е затоа што не сакаше да има реални мерки, туку пропагандни налепници во маркетите да ги залажува луѓето.

Касно е за правдање  сега и префрлање вина на неко друг, вината е кај Мицкоски. Најамалку што може да направи Мицкоски е да им се извини на граѓаните“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Починале 20 бебиња за 6 месеци –…

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…