Возило излетало од пат во Кичевско, повредени три жени
Три жени се повредени од кои една потешко откако возило излетало од пат во Кичевско.
„Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во близина на влез за с.Лисичани патничко возило „тигуан“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.С.(38) од Кичево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С.(50), а со телесни повреди се здобиле М.М.С. и сопатничката С.Б.(52), констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…