Двајца битолчани со ножеви нападнале полициска патрола
Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда.
Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.
Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…