Обвинителството на Босна и Херцеговина побара притвор министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ
Обвинителството на Босна и Херцеговина до Судот на Босна и Херцеговина поднесе предлог за определување притвор за тројцата уапсени во акцијата „Тунел 2“, меѓу кои и министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ.
„Обвинителството на Босна и Херцеговина, по сослушувањето на осомничените, во законскиот рок до Судот на Босна и Херцеговина достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, меѓу кои и првоосомничениот во случајот Нешиќ Ненад и други. се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Осомничени за повеќе кривични дела. Тие се сомничат дека сториле кривични дела како управители на „Патишта на Република Српска“ и лица кои имале бизнис со таа фирма – здружување за извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање мито.
Освен него, во акцијата во четвртокот беа уапсени и Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, директорот на фирмата „Патишта на Република Српска“ и директорот на фирмата „Легенда“, која работеше со тоа јавно претпријатие.
Уапсен е и генералниот директор на „Романијапутев“, Мирко Пандуревиќ, како и Срѓан Мијатовиќ, извршниот директор за економско-финансиски работи на ЈП „Путеви РС“ и уште еден вработен во оваа компанија Младен Чајиќ.
Фена потсетува дека Нешиќ и други беа уапсени во оперативната акција „Тунел 2“ што ја спроведоа полициски службеници на Дирекцијата за организиран и сериозен криминал на МУП на Република Српска под надзор на Обвинителството на БиХ, а во соработка со полициските администрации на Бања Лука, Источно Сараево и Бјелина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…