Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Алијансата ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море, откако Финска задржа танкер поврзан со Русија поради можноста да се користи за вршење саботажа.

Руте, во објава на мрежата Икс, рече дека разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и изразил солидарност со таа земја во тековната истрага за саботажата.

„НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море“, рече Руте.

Финските власти вчера задржаа брод поврзан со соседна Русија, кој сега се наоѓа во финските територијални води, додека се истражува дали тој оштетил кабел за пренос на струја во Балтичкото Море и неколку кабли за пренос на податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…

Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…

Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…

Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…

Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…

Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…