Детали за грабежот во домот на Дончиќ: Крадците влегле кога немало никој дома и си заминале со вреден накит

t

Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас беше мета на грабеж, а сега медиумите објавуваат и детали за случајот.

Имено, од домот на НБА ѕвездата бил украден накит во вредност од 30.000 долари, а полицијата информираше дека сторителот влегол преку скршен прозорец од бањата во моменти кога во домот немало никого.

Инцидентот се случил во периодот помеѓу 17 и 21 часо кога Дончиќ и членовите на неговото семејство не биле во домот.

„Добро е што сите се безбедни, Лука го пријави случајот во полиција и отворена е истрага“, изјави сорабтничката на словенечкиот кошаркар, Лара Бет Сигер.

Инаку, во САД во последниот период мета на крадци беа познати имиња како: Патрик Махомс, Тревис Келси, Боби Портис и Мајк Конли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…

Европа отвора нови рудници – Македонија сè…

Бакарот станува една од клучните суровини во…

Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…

Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…

Судот не му го врати пасошот на…

На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…