Објавено на:

Кси му порача на Путин дека Кина и Русија секогаш одат „рака под рака“

t

Кинескиот претседател Кси Џинпинг рече дека Кина и Русија секогаш оделе „рака под рака на вистинскиот пат“, објави во вторникот кинеската официјална новинска агенција Xinhua, неколку месеци откако двете земји се договорија за „нов период на стратешко партнерство“ во клучните прашања.

Двајцата водачи во мај се согласија да ги продлабочат билатералните односи и да соработуваат за прашања од заеднички интерес, како што се Тајван, Украина и заедничкиот ривал САД.

Руската државна новинска агенција РИА, исто така, ја цитираше изјавата на рускиот амбасадор во Пекинг минатиот петок дека Кси ќе ја посети Русија во 2025 година.

Разменувајќи ги новогодишните честитки со рускиот претседател Владимир Путин, Кси ја пофали меѓусебната доверба и стратешката координација меѓу двете земји и изрази желба да одржува блиски врски со Путин.

„Кинеско-руската соработка на различни полиња ќе продолжи да води кон нови можности за развој’, додаде Кси.

Кинескиот претседател беше примен во Кремљ како „драг пријател“ во 2023 година, откако обезбеди трет мандат како шеф на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…