Жена од Гостивар која собирала донации за лекување измамена за 380 евра
Жена од Гостивар била измамена за 380 евра од едно лице.
– На 30.12.2024 во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…