Почина струмичанец – се задушил во пожар предизвикан од греалка

t

Струмичанец (60) денеска напладне починал во сопствениот дом во пожар предизвикан од греалка.

Веста ја потврдија од СВР Струмица. Оттаму информираа дека денеска во 12:35 часот на улица „Широк дол“ во Струмица е пријавено дека има починатото лице и дека увидот се уште трае, а повеќе информации полицијата најави за утре.

Најверојатно станува збор за несреќен случај, односно починатиот струмичанец најверојатно паднал врз вклучена греалка од која добил изгореници што предизвикала чадење во просторијата, по што починатиот се задушил.

Од Пожарната информираа дека во гаснењето на пожарот во запалена просторија од куќа интервенирале со четворица пожарникари и едно против пожарно возило.

– За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот – стои во информацијата од струмичките пожарникари.

Смртта на струмичанецот ја констатирал лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…

Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…