Објавено на:

Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година.

– Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден за подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната, рече тој во својот говор објавен на социјалните мрежи.

Зеленски додаде дека Украина треба да се бори во 2025 година на „бојното поле“, но и на „преговарачка маса“ за да се стави крај на речиси тригодишната руска инвазија.

– Секој ден во наредната година ќе треба да се бориме за Украина која е доволно силна, бидејќи само таква Украина ќе биде почитувана и слушана, рече Зеленски и додаде дека „не се сомнева оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има волја и е способен да постигне мир, како и да и стави крај на агресијата на Путин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…