Машко е првото бебе за 2025 година во Кочани

t

 Околу 10:45 часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Кочани, се родило првото бебе во новата 2025 година. Се работи за машко дете, трето во семејството на родилката.

Од Болницата истакнаа дека бебето се родило со тежина од 3,7 килограми, должина од 51 сантиметар. Породувањето го извела дежурната екипа на Одделението со лекарите Илчо Атанасовски и Адријана Лазарова и акушерките Дивна и Катерина.

Неколку часа пред Новата година, во болницата во Кочани се родило и женско бебе.

Новогодишната ноќ поминала релативно мирно. На Итна медицинска помош биле прегледани 28 пациенти, немало случаи со интоксикација. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…