Од кумановските основни и средни училишта во прво полугодие се отпишале дури 174 ученици
Во првото полугодие од учебната година, 174 ученици се отпишале од основните и средните училишта во Куманово, информира секторот за образование. Најмногу отпишани ученици се од поголемите училишта во градот.
Куманово, како најголема општина во земјата, се соочува со зголемен тренд на отселување, особено кон западноевропските земји. Според раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ, овој тренд не запира, а бројот на отпишани ученици е поголем во споредба со минатата година, кога биле 131.
Јовановиќ посочи дека порано миграцијата била главно внатрешна, од руралните кон урбаните средини, но сега доминира емиграцијата кон странство. Куманово, според последниот попис, брои 98.104 жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…
Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…
Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…
Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…
Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…