Александар Камбовски е нов претседател на Судски совет
Судијата од битолска Апелација, Александар Камбовски е новиот претседател на Судски совет. Беше избран едногласно, со 13 гласови „за“. Камбовски порача дека неговата врата е отворена за сите чесни судии, но не и за останатите.
„Да ставиме крај, бидејќи во Македонија имаме околу 400 судии и крајно време е тие што се 10-15-20 да ги тргнеме од нашите редови.“, вели Александар Камбовски.
Предлогот за Камбовски го даде неговиот колега Исамедин Лимани. Поддршка тој доби и од претходничката Весна Дамева, која истакна дека Камбовски се залага за реформи согласно препораките од Оценската мисија на Европската Унија.
„Дава се од себе час поскоро да бидат имплементирани тие препораки, час поскоро да бидат преземени активности коишто се значајни за целата меѓународна заедница.“, вели Весна Дамева.
„Александар Камбовски има интегритет и кредибилитет да се бори за повеќе финансиска независност на судовите.“, вели Исамедин Лимани.
Откако беше избран, Камбовски се воздржа да ги коментира најавите на политичарите од власта дека преку Собранието наскоро ќе иницираат смена на петте членови на Советот кои се избрани во законодавниот дом. Меѓу нив е и Весна Дамева, која си даде оставка поради политички притисок.
„Да почекаме, да видиме што ќе се случи, не би сакал да шпекулирам, како што кажав, очекувам да се постапува согласно законите и Уставот.“, додава Александар Камбовски.
Изборот за нов претседател на Советот не го коментираше ниту премиерот Христијан Мицкоски.
„Немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува, еве да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет.“, вели Христијан Мицкоски.
Во последното интервју, за најавената смена на петтемина членови на Советот, Мицкоски кажа дека ова тело нема легитимитет кај граѓаните, но дека намерата не е да се заменат „едни со други“, туку новите членови да имаат биографија и тежина. Камбовски пак, во однос на реформите во правосудството, одговори дека е подготвен да се сретне со премиерот.
Извор:ТВ21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…
Советот на Општина Кочани на денешната редовна…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници…
На ДПМНЕ ништо не им е свето,…
Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…
Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…
Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…
Денеска во Град Скопје се формираше Советот…