Гореа два автомобили „пежо“- еден во Битола, другиот во Охрид
Денеска (05.01.) во 00.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев” во Битола настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки сопственост на В.А. од Битола.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, при што, повредени лица нема, а причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.01.2025 година во 16.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „Пежо 407“, паркирано на улицата „Даме Груев“ во Охрид, сопственост на А.К.(55) од Велес, избувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…