Левица: Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска
Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во рамките на уставно-правните норми и заштитата на македонскиот јазик како кохезивен фактор во Републиката, се вели во соопштението на партијата.
„Потсетуваме дека измените на овој Закон, власта на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ ги донесе со флагрантно кршење на собраниските процедури, преку скандалозен шверц на ненадлежната Комисија за енергетика.
Пратениците на Левица уште на комисиската расправа реагираа дека Законот за двојазични лиценци мора да биде повлечен, но самоволието на владејачкото мнозинство, сепак, го усвои ваквото срамно законско решение.
Намерата за воведување двојазични лиценци е излегување вон границите на Рамковниот договор и од уставните норми со кои се гарантира употребата на македонскиот јазик како единствен службен јазик на ниво на целата територија на Република Македонија!
Политичко лицемерие е власта на Мицкоски да носи закони кои се темелат врз неуставниот Закон за двојазичност, донесен од режимот на Заев и Ахмети – Закон за кој Уставниот суд закажа и подготвителна седница за оценување на уставноста.
Левица бара од актуелната власт на ДПМНЕ целосно да го повлече од постапка овој предлог-закон, затоа што токму партијата на Мицкоски во опозиција тврдеше дека со ваквите постапки се воведува неуставна двојазичност на територијата на целата држава, додека македонскиот јазик од службен јазик се дерогира на јазик кој го говорат заедниците“, соопшти Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…