Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Сеул
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море, за време на посетата на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен на Сеул, Јужна Кореја, пренесува АФП повикувајќи се на соопштение од јужнокорејската војска.
Годинава ова е прво лансирање ракета од Северна Кореја, а претходното беше на 6 ноември.
Една недела пред тоа лансирање, Северна Кореја ја тестираше својата нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво, најнапредната во нејзиниот арсенал.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека открило лансирање ракета од Северна Кореја.
Лансирањето на ракетата е на денот кога Блинкен ја започна турнејата низ Јужна Кореја и Јапонија пред доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Инцидентот, исто така, се случува во време кога Јужна Кореја е втурната во една од најтешките политички кризи во нејзината историја, по неуспешното прогласување вонредна состојба од страна на претседателот Јун Сук Јеол, кој потоа беше сменет и се соочува со апсење.
Блинкен ќе биде примен во Сеул од неговиот јужнокорејски колега Чо Тае-Јул и ќе разговара за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, прашања поврзани со Северна Кореја, како и за регионални и глобални предизвици“, се вели во соопштението на јужнокорејската дипломатија.
Блинкен изрази поддршка за привременото лидерство на министерот за финансии Чои Сан-мок, нагласувајќи ја непоколебливата поддршка на САД за Јужна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време…
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета кон…
Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во…
Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се…
Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој…
Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки…
Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки…
Повеќе од 2.000 универитетски професори, соработници и…
Повеќе од 2.000 универзитетски професори, вработени во…