Шолц: Трансатлантските односи ќе продолжат да бидат силни
Во интервју за магазинот „Штерн“, објавено денеска, Шолц ја нагласи клучната улога на САД во демократскиот развој на Германија, како на Западот по Втората светска војна, така и низ целата земја по мирната револуција во Источна Германија.
– Оваа историска основа е цврста и ќе ги поддржува трансатлантските односи уште долго време, рече Шолц, потенцирајќи ја важноста на ефективната соработка со новата американска влада.
Шолц откри дека досега двапати разговарал со Трамп и ги опиша разговорите како „исклучително пријателски“.
Кога беше прашан за присуството на инаугурацијата, Шолц изјави дека „американската администрација, како што е обичај, го покани германскиот амбасадор“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…